Top Sport

Леклер верува дека Ферари ќе се „ресетираат“

Возачот на Ферари, Шарл Леклер вели дека априлската пауза во Формула 1 може да биде супер-корисна за Скудерија и има доверба дека сезоната може да биде „спасена“ и покрај лошиот почеток.

Леклер лани имаше фуриозен старт на сезоната и над 50 поени предност пред Макс Ферстапен, пред Ферари да ја загуби битката за развој со Ред бул, но оваа сезона од првите три трки тој ја заврши само трката во Саудиска Арабија и се наоѓа на 10. место во генерален пласман со само 6 освени поени. Токму затоа, четирите недели пауза помеѓу Австралиското ГП и Азербејџанското ГП, може да биде клучно, вели возачот од Монако.

„Мислам дека во ситуацијата во која се наоѓаме каако тим, треба да ја искористиме можноста да работиме, да ги донесеме потребите подобрувања и да ја вратиме формата оваа сезона. Сезоната е долга, ни остануваат уште 20 трки и целосно сме мотивирани да се вратиме на врвот. Во Азербејџан мораме да се вратиме силно. Ја знаеме приказната од лани и сега треба да се фокусираме што можеме да направиме подобро оваа сезона и да се доближиме на формата на Ред бул“, вели Леклер.

Scroll to Top