Ако минатата сезона во Формула 1 беше „начната“ доминацијата на Мерцедес по осум сезони, во 2022 е јасно дека „сребрената стрела“ има дури трет најбрз болид во шампионатот, зад недостижните Ферари и Ред бул. Возачот на Мекларен, Лендо Норис вели дека му е мило што е така.
„На некој начин, убаво е да се види дека Мерцедес и Луис Хамилтон немаат постојано само успеси. Тоа покажува дека дури и кога си толку успешен, можеш да направиш погрешна одлука. Лесно е да се погреши во Ф1. Од друга страна, колку што мразам да признаам, добро е да се види Ферари на врвот. Тоа покажува на другите тимови дека е возможно да се направи скок. Да беа повторно Мерцедес и Ред бул, ќе беше премногу предвидливо. Со Луис, гледате како еден од најдобрите возачи во историјата се мачи со болид кој не е најдобар. Гледаме поинаква страна на Луис од таа што сме навикнати во последната деценија“, вели 22-годишниот Норис.