Top Sport

Лоренцо го извозе најбрзиот круг во „Сепанг“

Завршниот ден кој тимовите од Мото Гп го добија за тестирање на патеката „Сепанг“ го обележа возачот на Дукати, Хрхе Лоренцо.

Шпанецот постави нов рекорд на патеката, откако едн круг мина за 1:58.830 минути.

Лоренцо го собори неофицијалниот рекорд, кој исто така на претсезонските тестирања во 2015 година, го постави неговиот сонародник Марк Маркез (1:58.867 минути)

Инаку официјалниот рекорд на патеката „Сепанг“ е во сопственост на уште еден Шпанец, Дани Педроса. За време на тркачкиот викенд во 2015 година возачот на Репсол Хонда оствари време 1:59.053 минути.

Инаку на последниот ден од тестирањата екипите прв пат имаа можност да возат по целосно сува патека.

Scroll to Top