Повторување на сезоната 2017 во која Хорхе Лоренцо немаше победа би била неприфатлива, вели шефот на неговиот технички тим во Дукати, Кристијан Габарини.
Лоренцо оваа сезона дојде во Дукати по супер-успешната соработка со Јамаха, тим со кој освои три светски титули, но имаше проблеми со „посебниот“ мотоцикл на италијанската компанија, освојувајќи само три подиуми и првпат од неговата деби сезона во 250сс во 2005 не оствари ниту една победа.
Додека тој беше на најниската позиција во генерален пласман од доаѓањето во Мото ГП (седмо место), неговиот колега Андреа Довициозо беше најсериозниот конкурент на Марк Маркез во Хонда за титулата.
„Целите се менуваат со текот на времето и на почетокот на сезоната беше најважно Хорхе да добие самодоверба во мотоциклот. Потоа требаше да се обри за топ 5 пласман, за на крајот да се одеше на победи. Но, следната година нема изговори. Неприфатливо е да имаме уште една таква сезона“, вели Габарини, кој му беше главен инжинер на Кејси Стонер, кога тој ја освои титулата со Дукати во 2007 година.