Сопственикот на Астон Мартин, канадскиот милијардер Лоренс Строл вели дека Ферари завршиле „ужасна работа“ со третманот на четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел и верува дека тој ќе се докаже со неговиот тим и ќе ги победува црвените болиди.
Ферари лани на стартот на сезоната потврдија дека нема да му дадат продолжување на договорот, заменувајќи го со Карлос Саинс Јуниор од Мекларен, а по оваа одлука, Фетел не ги штедеше во радио-разговорите во катастрофалната сезона за италијанскиот тим. Сега, во Астон Мартин, каде што партнер ќе му биде синот на газдата, Ленс Строл, тој има мотив повеќе.
„Едене четирикратен светски шампион не заборава да вози одеднаш. Но, кога ќе ти го поништат договорот пред да стартува сезоната, не можете да бидете мотивирани на својата работа. Но, оваа година и тоа ќе се поправи“, вели Строл за кинеската новинска агенција „Ксинхуа“.