Top Sport

Луис Хамилтон побара Кинезите да не јадат кучиња

Шесткратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон последните години покрај блескавата кариера во болидот посебно е ангажиран и на некои социјални прашања – од климатските промени, преку веганството до третманот на животните.

Сега, преку Инстаграм порака тој побара Кинезите и кинеските власти да донесат законска регулатива за заштита на кучињата, кои честопати се наоѓаат на менијата во рестораните низ оваа земја.

„До сите мои фанови во Кина, би бил навистина благодарен ако можете да се борите за ова правило. Ова мора да сопре“, напиша Хамилтон на Инстаграм.

Околу забраната за јадење на кучиња и мачки, односно прогласувањето на овие животни со статус на „миленичиња“ се зборува подолго време во Кина, а досега градот Шенжен е единствениот со вакво правило.

Scroll to Top