Top Sport

Луис Хамилтон сака да биде вклучен во купувањето на Манчестер јунајтед

Седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон сензационална најави дека ќе биде вклучен во обидот на најбогатиот Британец, Сер Џим Ретклиф да го преземе Манчестер јунајтед.

Ретклиф, газдата на мултинационалната хемиска компанија „ИНЕОС“ (која е спонзор на Мерцедес Ф1), најави дека сака да го откупи Манчестер јунајтед од американското семејство Глејзер и Хамилтон би сакал да биде вклучен.

„Ова е прват да слушнам за такво нешто, бидејќи не бев во контакт со Џим поради моето патување во Намибија. Не сум добил повик да бидам вклучен, но дефинитивно сакам да бидам вклучен во такво нешто. Џим е партнер во Мерцедес и се надевам дека ќе ме вклучи во таа зделка“, вели Хамилтон.

И покрај интересот на Ретклиф, засега семејството Глејзер не е подготвен за продажба.

Scroll to Top