Top Sport

Луис Хамилтон сака да е космонаут

Трикратниот светски шампион, Луис Хамилтон беше во посета на седиштето на НАСА во Вашингтон и импресиониран од тоа што го виде најави дека би сакал да стане космонаут.

32-годишниот Англичанец, кој има 59 поени предност пред ривалот од Ферари, Себастијан Фетел, се подготвува за Американското ГП во Остин, Тексас овој викенд, каде што ќе може ја има првата можност да ја потврди титулата.

Пред тоа, заедно со возачите на Ред Бул, Макс Ферстапен и Даниел Рикијардо, возачот на Мерцедес доби посебна посета.

„Без проблем би се откажал од сегашната работа за да дојдам тука. Би сакал да бидам тука цело време и потоа да одам во вселената“, изјави Хамилтон.

Scroll to Top