Top Sport

Луис се „поправи“ – му облече фустан на внукот

Луис Хамилтон беше приморан да го избрише својот Инстаграм акаунт пред Нова Година по реакциите за „карањето“ на неговиот внук кој сакаше да носи фустан на принцеза, но сега се „поправи“ и го однесе внукот и внуката на прошетка во Дизниленд со фустани!

Четирикратниот Ф1 шампион тогаш на својот акаунт објави видео од внукот кој е облечен во фустан и му порача: „Момчињата не носат фустани на принцези“. Реакцијата во британската јавност беше огромна и тој беше осуден за постапката, по што го избриша профилот на Твитер и Инстаграм.

Сега, заедно со внукот и внуката тој беше на посета на Дизниленд во Париз, а неговиот внук носеше нов розев фустан од „Тенглд“ филмот на Дизни, додека неговата внука беше во фустан на Снежана.

Критики за Хамилтон откако го засрами својот внук (видео)

 

Scroll to Top