Top Sport

Маестрален настап на Давид Малинковски на тркачката патека во Гробник

Македонските TWINGO CUP претставници во ТОП 10 на првата трка одржана на тркачката патека во Гробник.

Во конкуренција на 32 возачи, седуммина македонски натпреварувачи на Twingo CUP имаа фантастичен настап на легендарната патека.

За првото место на подиумот се избори Давид Малинковски со времег од 02:01.970, втор беше Владимир Тренески со 02:01.969, додека пак трет – Мартин Костовски со 02:04.588.

За прв пат се одржа Twingo CUP со најголем број на учесници што ја направи трката една од најдобрите досега, полна со возбуди и адреналин и фантастични поминувања помеѓу возачите.

„За влакно”, без пласман на подиумот остана Давид Малинковски, кој во последниот круг од третото се проби на шестото место. Но, трката беше пркината во последниот круг, откако се преврте еден од учесниците. Организаторот по инцидентот истакна црвено знаме. Според правилата на ФИА се земаат резултатите од последниот круг каде Малинковски беше шесто пласиран пласиран.

Пласманите на останатите натпреварувачи се: Ангелче Стојковски (22), Слободан Трајковски (23), Марко Блажевски (24) и Зоран Мираковски (26).

За кратко време нашите млади и надежни возачи заедно со АКК Рено Спорт успеаа да се искачат на врвот во авто спортот и достоинствено да ја престават нашата држава.

Со овој триумф на Малинковски веќе го засема првото место во генералниот пласман со 62 бода.

Втората трка е закажана за утре (25.07.2021 – Недела) во 13:55 часот.

Истата ќе биде пренесувана во живо на следниот линк: ESET CUP Grobnik 2021 – TCR // Twingo Cup // Endurance // Saturday – YouTube

Scroll to Top