Top Sport

Магнусен: Алонсо мисли дека е Бог, едвај чекам да се пензионира (видео)

Возачот на Хас, Кевин Магнусен вели дека неговиот ривал од Мекларен, Фернандо Алонсо се однесува како Бог по контактот на квалификациите за Италијанското ГП, додавајќи дека едвај чека Шпанецот да се повлече од Ф1.

Алонсо се обиде да го помине Магнусен од надворешната страна на првата шикана во вторите квалификации, по што преку радиото се потсмеваше со Данецот велејќи му на својот инженер: „Магнусен сакаше да се трка на првата кривина“.

Магнусен не беше среќен.

„Нема да го пуштам да ме помине така што ќе го жртвувам мојот круг. Знам дека мисли дека е Бог, но нема шанси. Тој најде добра патека зад мене и мислеше дека лесно ќе ме помине. По квалификациите дојде и ми се насмеа во лице. Вистинско непочитување. Едвај чекам да се пензионира“, вели 25-годишниот Магнусен.

Алонсо објави дека се повлекува на крајот на сезоната, за да се фокусира на други трки, и многумина веруваат дека од следната сезона ќе настапува во американската Инди кар серија.

Магнусен вели дека Алонсо е арогантен и дека беспотребно се фали дека може да го победи својот колега Штофел Фандорне.

„Тој зборува за своите кругови како да се боженствени. Мислам дека буквално мисли дека е Бог. Навистина смешно“, додава Данецот.

Scroll to Top