Top Sport

Макс го „боцна“ Хамилтон: Ќе го видиме кога ќе му дојде Расел

Пред викендот пред своите „луди“ навивачи на Холандското ГП, Макс Ферстапен упати „боцка“ до својот ривал за титулата Луис Хамилтон, најавувајќи дека животот нема да му биде лесен кога од следната сезона партнер во Мерцедес ќе му биде сонародникот Џорџ Расел.

По најавата за пензионирање на Кими Раиконен, шпекулацијата е дека неговото место во Алфа Ромео ќе го заземе сегашниот колега на Хамилтон, Валтери Ботас, а 23-годишниот Расел ќе ја добие големата шанса во Мерцедес. Шпекулациите исто така велат дека Хамилтон не е задоволен од овој развој на настаните.

„Ако Расел отиде во Мерцедес, животот ќе стане многу потежок за Луис. Мислам лани тој влезе во нивниот болид во Бахреин и му направи маки на Валтери, така што сега со повеќе искуство ќе биде уште побрз. Сите многу очекуваат од него, а можете да видите дека има перформанси и со слаб болид“, вели Ферстапен.

Scroll to Top