Top Sport

Макс и Ред бул го вратија ударот во Франција

Макс Ферстапен со својот Ред бул го постави најдоброто време на втората тренинг-сесија пред Француското ГП на патеката Пол Рикар, победувајќи го Валтери Ботас во Мерцедес за само 8 милисекунди!

Ботас беше пред колегата Луис Хамилтон во првата сесија и изгледаше супер-конкурентен и во втората по двата лоши викенди за „сребрената стрела“ во Монако и Баку. Хамилтон втората сесија ја заврши на трето место, пред изненадувањето – Фернандо Алонсо во домашната трка за Алпине (поранешните Рено) и Шарл Леклер.

Серхио Перез не успеа да го држи темпото на колегата Ферстапен, заостанувајќи 1.049 секунди зад него и на само 12. место.

Scroll to Top