Макс Ферстапен од Ред Вул беше најбрз и на вториот слободен тренинг пред Големата награда на Турција. Одлични резултати на двата тренинга забележа и Шарл Леклер од Ферари. На првиот тренинг беше трет, а на вториот втор.
Ферстапен на вториот тренинг забележа резултат 1:28.33 минути, а Леклер доцнеше за 0.400 секунди.
На третото и четвртото место беа возачите на Мерцедес, Валтери Ботас (+575) и Луис Хамилтон (+.850).
Мерцедесите на првиот тренинг беа деветти и 15-ти.
Пласман меѓу првите десет на вториот тренинг изборија Александер Албон од Ред Бул, двоецот од Алфа Таури, Данил Квјат и Пјер Гасли, Себастијан Фетел (Ферари), Ленс Строл (Рејсинг Поинт) и Ландо Норис (Мекларен).
Третиот тренинг на програмата е утре од 10 часот, а квалификациите ќе се возат од 13 часот.