Мото ГП шампионот Марк Маркез вели дека единствена причина поради која би заминал од Хонда е потребата за враќање на мотивацијата.
Маркез целата кариера во елитната класа ја помина со јапонскиот производител, освојувајќи четири титули во пет сезони со Хонда. Неговиот договор истекува на крајот на 2018, но неговиот агент Емилио Алзамора најави дека тој ќе избере да остане во тимот. Маркез вели дека засега не размислува за друг тим.
„Мотивацијата останува иста како и секогаш – да се биде подобар и да се научи од грешките од минатото. Мојот сон беше да возам за најдобриот производител на светот и сега го живеам тој сон. Кога ќе дојдете во друг производител, треба да имате потреба за тоа. Не ми недостасува ништо“, вели Маркез.