Top Sport

Маркез го продолжи договорот

Актуелниот светски шампион во кралската класа во Мото ГП шампионатот, Марк Маркес, го продолжил договорот со Репсол Хонда.

Шпанецот, во понеделникот, го ставил својот потпис на новиот договор со Репсол Хонда. Маркес ќе вози за овој тим до 2020 година.

„Среќем сум што го продолжив договорот со тимот од сништата. И благодарам на Хонда за поддршката, ќе продолжам да давам 100 отсто на трките“, напишал Маркез на социјаните мрежи.

Актуелниот шампион во кралската класа од 2013 година има освоено четири шампионски титули. Во новата сезона негов тимски колега повторно ќе биде Дани Педроса.

Scroll to Top