Top Sport

Маркез ќе ја стартува 100-тата трка со 40 победи зад себе

Марк Маркез инсистира дека ја стартува втората половина од Мото ГП сезоната во Брно овој викенд како да „имаме нула поени“, иако трката во Чешка ќе биде негова јубилејна 100. во кариерата.

Маркез има фантастична предност од 46 поени по пет победи во првите осум трки од сезоната, и пред јубилејот во 99 трки има 40 победи, 70 подиуми, 48 пол-позиции и неверојатни четири светски титули.

Покрај тоа, тој лани победи во Брно со огромна предност од 12 секунди пред колегата Дани Педроза, а исто така имаше и приватна тест-сесија со Хонда овој месец.

„Имавме добар тест во Брно и доаѓаме на патеката со две победи во две различни трки – една со директна брзина, и една со тактика. Сепак, доаѓам во Чешка без да размислувам за предноста во генерален пласман, како да почнуваме со нула поени. Беше убаво да се наполнат батериите пред вториот дел од сезоната во кој имаме тешки 10 трки. Нашите ривали се силни и мораме да имаме стратегија да ги победиме“, вели Маркез.

Scroll to Top