Top Sport

Маркез на пол-позицијата, Довициозо само 11-ти

Марк Маркез ја освои пол-позицијата на Австралиското ГП на патеката Филип Ајленд, додека неговиот главен ривал за титулата, Андреа Довициозо ќе стартува само како 11. на неделната трка.

Возачот на Хонда, Маркез беше несопирлив во 15-минутна квалификациска сесија за да заврши со 0.3 секунди предност пред Маверик Вињалес во Јамаха, по што следуваа Јохан Зарко и Андреа Јаноне.

Довициозо од друга страна ги почна квалификациите по тешкиот пад на четвртиот слободен тренинг и во ниту еден момент не беше ривал за висок пласман. Возачот на Дукати не успеа да влезе во топ 10, со повеќе од една секунда заостанување. Валентино Роси беше седми за Јамаха.

Scroll to Top