Top Sport

Маркез: Најтежок пад во кариерата

Шесткратниот светски првак, Марк Маркез, не возеше на трката за Големата награда на Индонезија. На загревањето, Маркез падна од својот мотор, доживеа потрес на мозокот, поради што не доби дозвола да ја вози трката.

Подоцна Шпанецот изјавил дека, никогаш не му се случило нешто такво во кариерата.

„Овој пад беше најлошиот во мојата кариера“.

Маркез се мачеше во Индонезија, три пати паѓаше од моторот во петокот и сабота, во текот на слободните тренинзи и квалификациите.

Инаку, трката во Индонезија се возеше во тешки услови, победи Мигел Оливеира пред Фабио Квартараро и Жоан Зарко.

Scroll to Top