Возачот на Репсол Хонда и осумкратен шампион во светот во мотоциклизам, Марк Маркез пред почетокот на годинава зборуваше за најголемите предизвици кои му следуваат
Маркез годинава ќе се обиде да дојде до нова титула шампион.
„Највозбудливата работа околу новата сезона е тоа што ќе се обидам да ја одбранам титулата. Возбудливо е што ги знаеш сите противници, се обидуваш да ги проучуваш сите потези и стратегии со кои се обидуваат да те победат. Една од работите кои ги научив во 2017 година е дека мораш да се чуваш од сите противници. Тогаш се плашев само од двајца, а третиот кого не го очекував, Андреа Довициозо на крајот беше главен конкурент за титулата. Сите почнуваме со нула бодови и се бориме до крај“ – вели Маркез.