Top Sport

Маркез не застанува, инцидент со Вињалес, пол-позицијата под закана (видео)

Светскиот шампион Марк Маркез ја продолжи фантастичната низа на пол-позиции на „Патеката на Америките“ во Остин, но е под истрага за намерно задржување на ривалот од Јамаха, Маверик Вињалес.

Маркез, кој досега има победено на сите Мото ГП трки во Остин, е на шестата пол-позиција во низа,  за да има подобро време пред Вињалес и пред Андреа Јаноне во Сузуки.

Шпанецот, кој минатите две недели ги помина во остра дискусија со колегата на Вињалес од Јамаха, Валентино Роси по судирот на Аргентинското ГП, очигледно не може без контроверзи, и останува да се види дали стјуардите ќе го казнат за нарушувањето на ритамот на шпанскиот сонародник.

Scroll to Top