Top Sport

Маркез падна, па освои пол!

Mарк Маркез ќе ја стартува одлучувачката финална трка од пол-позицијата, откако и покрај падот во финишот на сесијата постави најдобро време на квалификациите во Валенсија, додека единствениот ривал за титулата, Андреа Довициозо ќе стартува дури од деветтото место.

Асот на Хонда, Маркез има 21 поен предност пред Довициозо и му треба пласман во топ 11 за да стави печат на четвртата светска титула, но очигледно е дека Шпанецот планира да оди на победа. Тој беше во одлична форма на последните два тренинзи, и стигна до својата неверојатна 73. пол позиција во кариерата и осма оваа година.

Во помалку чудниот прв ред во Валенсија покрај Маркез ќе бидат Јохан Зарко и Андреа Јаноне, откако главните фаворити имаа лош ден.

Scroll to Top