Top Sport

Маркез почна преговори со Хонда

Актуелниот шампион од Мото ГП шампионатот, Марк Маркез откри дека почнал со преговорите да го продолжи својот договор со доминантната Хонда.

Како и повеќето возачи во Мото ГП, Маркез е без договор на крајот на сезоната 2018 и околу неговата иднина постоеја многу шпекулации. Маверик Вињалес неодамна потврди дека останува во Јамаха со нов двегодишен договор, додека неговиот шпански сонародник Маркез постојано говореше дека сака да остане со Хонда додека РЦ213В мотоциклот е конкурентен.

„Секоја година обновувањето на договорот оди побргу. Почнав да разговарам со Хонда, но не се брзаме. Приоритетот е добро да ја почнеме сезоната и да видиме дали моите барања за подобрувања на мотоциклот се остварени. Секогаш сум фокусиран на истото – да се чувствувам удобно во тимот и Хонда да продолжи да работи со ист ритам. Менуваш тим кога ти е потребна дополнителна мотивација, но доколку продолжиме вака немам потреба за друг тим“, вели Маркез.

Scroll to Top