Макс Маркез и „Репсол Хонда“ ќе соработуваат до 2024 година. Осумкратниот светски првак, во четвртокот, потпишал нов четри годишен договор. Ова е необично за Мото ГП, бидејќи праксата на тимовите е со возачите да потпишуваат договори на две години.
„Репсол Хонда“ и Маркез последниот договор го потпишаа во 2018 година, кога Шпанецот договори две годишна соработка.
Брилијантните резултати што ги постигнуваат заедно ги натераа челниците на јапонскиот производител да му понудат нов договор на Шпанецот.
Актуелниот договор на Маркез истекува со завршувањето на оваа сезона.
Со новиот договор Маркез ќе заокружи децениска соработка со „Хонда“. Продолжувањето на договорот не е никакво изненадување во мото-спортот.
Марк Маркез по се изгледа нема намера да ги повтори грешките на Валентино Роси и Хорхе Лоренцо кои во минатото ги менуваа тимовите кои им носеа успеси.