Top Sport

Маркионе го обвини Фетел за поразот?

Претседателот на Ферари, Серџо Маркионе суптилно покажа со прст кон Себастијан Фетел, како еден од виновниците за пропуштената шанса да се освои титула оваа година, кога изјави дека не е виновна само постојаноста на болидот за тешкиот пораз од Мерцедес и Луис Хамилтон во вториот дел од сезоната.

Италијанскиот тим водеше до летната пауза откако Фетел заврши како прв или втор во првите шест трки од сезоната за да изгради убедлива предност во генерален пласман, меѓутоа во вториот дел од сезоната катастрофите се нижеа за Скудерија.

Поради откажување на болидот се пропутшија потенцијалните победи во Малезија и Јапонија, но Маркионе вели дека грешките на возачите не треба да се игнорираат, посочувајќи го судирот на Фетел со Кими Раиконен и Макс Ферстапен во Сингапур од првото место, со што му дозволија на Хамилтон да победи, а Валтери Ботас да биде трет, чинејќи ги Ферари 40 поени.

„Не верувам во малери. На крајот, тоа е одраз на нашето водење на бизнисот. Се работеше за комбинација, посебно во вториот дел од сезоната меѓу технички проблеми и грешки на возачите, или лоши проценки на возачите“, вели Маркионе.

Но, Канаѓанецот со италијанско потекло, кој покрај што е претседател на Ферари, исто така е и извршен директор на Фиат Крајслер групацијата, вели дека ако се стартува 2018 на ист начин како 2017, нема да се повторат „структуралните слабости“.

„Вториот дел од сезоната покажа некои слабости во нашата структура и во водењето на бизнисот и се надеваме на многу подобра година во 2018. Да прашавте било кого што ќе направиме во 2017, немаше да ни дадат добри шанси. Бевме добри во однос на стартната позиција, но не ја завршивме задачата“, додава големиот шеф на Скудерија.

Scroll to Top