Top Sport

Марко: Фетел треба да земе одмор

Хелмут Марко, шефот на Ред Бул, смета дека Себастијан Фетел би требало да одмори една година од Формула 1. Освојувачот на четири титули во Формула 1 по завршувањето на сезоната ќе го напушти Ферари, се шпекулира дека од 2021 година тој ќе вози за Астон Мартин.

Фетел има лоша сезона, далеку е од најдобрите во генералниот пласман, а лошата форма ја покажува во квалификациите и на трките. Во вкупниот поредок, во конкуренција на 20 возачи, тој се наоѓа на 13 место.

Марко, кој работеше со Фетел во периодот од 2010 до 2013 година, кога Германецот доминираше во Формула 1, го советува да земе подолг одмор.

„Го советува да земе одмор. Сигурен сум дека тоа би му помогнало. Потребно е да ги наполни батериите“, рекол Марко.

Фетел очекува дека со Астон Мартин ќе биде конкурентен, што не е случај оваа година со Ферари.

„Тоа што го кажал е реално. Веројтно ќе може да се бори за пласман на подиумот. Меѓутоа, гледајќи ги карактеристиките на болидот, тешко е да се верува дека ќе забележи некоја победа. Му советувам да земе одмор, но што и да реши ќе ја има мојата поддршка“, заклучил шефот на Ред Бул.

Scroll to Top