Top Sport

Марко: Гасли е одличен, ние го споредуваме со Перез

Еден од челниците на ред Бул, Хелмут Марко, рекол дека Пјер Гасли, веројатно ќе ја напушти програмата на тимот откако ќе му заврши договорот во 2023 година, доколку не му биде понудено место во овој тим.

Гасли, во најголем дел од кариерата е дел од возачката програма на Ред Бул. Во Формула 1 дебитирал во 2017 година, во екипата на Торо росо, денешен Алфа таури. Можност да вози за Ред Бул доби во 2019 година, но на пола од сезоната поради лошите резултат местото му го отстапи на Александер Албон.

Гасли од минатата сезона се наоѓа во одлична форма, што ги поттикна шпекулациите дека тој ќе се врати во Ред Бул. Ко-сопственикот на Ред Бул, Гертхард Бергер, изјавил дека Гасли заслужува да добие уште една шанса во Ред Бул.

Изјавата на Бергер ја коментирал Хелмут Марко.

„Гертхард е во право, но настапите на Гасли мораме да ги споредуваме со колегата на Макс Фератспен, Серхио Перез. Мораме да направиме споредба, но за да го направиме тоа треба да поминат 12 трки. Јасно е дека Гасли ќе замине доколку по 2023 година не добие шанса да вози за Ред Бул“, рекол Марко.

Scroll to Top