Советникот на Ред бул рејсинг, Хелмут Марко вели дека е разочаран што Ф1 тимовите решија да не се тркаат на Австралиското ГП минатата сезона, бидејќи со учество во трката ќе прателе „јасен сигнал“.
Трката во Мелбурн, која требаше да биде прва од сезоната, беше откажана два часа пред првиот слободен тренинг, откако Мекларен се повлекоа по позитивниот тест на корона вирусот на еден од нивните членови и само Ред були нивниот сестрински тим Алфа таури бараа да се оддржи трката.
„Се надевав дека Ф1 ќе прати јасна порака. Во Австралија, промотерот и властите беа подготвени трката да се оддржи, но потоа се случи тоа што се случи со Мекларен и Тото Волф реши да ги повлече Мерцедес. Но, во 2005 година во Индијанаполис имаше само три тима на стартот и тоа не беше проблем “, вели Марко.
76-годишниот Марко е во „ризичната“ група поради својата возраст, но верува дека се „претерува“ со корона вирусот.
„Поминав 14 часа во Австралија, дојдов во петокот и потоа веднаш се вратив преку Дубаи. Тој аеродром е центарот на корона вирусот со голем број на луѓе од секаде на светот и не фатив вирус“, вели Марко.