Советникот на Ред бул рејсинг, Хелмут Марко вели дека неговиот поранешен возач Даниел Рикардо бил „излажан“ од Рено зда го направи трансферот, ветувајќи му големи работи кои не можат да ги остварат.
Лани се очекуваше Австралиецот да го продолжи договорот со Ред бул откако немаше место во Ферари и Мерцедес, но Рикардо ги изненади сите со трансфер во Рено, потпишувајќи долгогодишен скап договор. Марко признава дека очекувал дека 29-годишниот Рикардо ќе остане кај него.
„Во тој момент сè изгледаше многу добро. Му ја подобривме понудата и разговаравме за сите подобрувања, вклучувајќи и лични спонзори кои ги имаше од Австралија. Тоа беа долги преговори. Но, потписот не дојде. Договорот беше тука, но секогаш нешто му пречеше. Може да има добри сезони со Рено, а тие ни покажуваа графикони за перформансите на моторот за следната сезона. Даниел изгледа поверува во тоа и го излажаа“, вели Марко.