Еден маршал на патеката Џеда, каде што денеска ќе се вози Саудиското ГП е отстранет од својата позиција откако на социјалните мрежи му посакал смрт на седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон.
Втората посета на Ф1 циркусот на Саудиска Арабија не поминува најдобро поради случувањата надвор од патеката, откако возачите во петокот навечер четири часа беа убедувани да продолжат да се тркаат по петочниот напад со ракети на рафинеријата на главниот спонзор на Ф1 „Арамко“ од страна на јеменските бунтовници Хути.
Маршалот, лут поради одбивањето на возачите да возат (иако подоцна беа убедени), на социјалните мрежи напиша: „Се надевам дека ќе има несреќа како Роман во Бахреин“. Да потсетиме, Роман Грожан едвај го спаси својот живот во пожарот на неговиот болид на трката во Бахреин во 2020.
По реакцијата на ФИА и отстранувањето на маршалот од трката, тој се извини на социјалните мрежи: „Се извинувам на саудиската федерација и на возачот Луис Хамилтон“.
.@F1 Fire Marshal (.@Heem4u) at #SaudiArabianGP wishing Lewis Hamilton has an accident like Romain Grosjean. Disgusting. https://t.co/X2Y1ToPXnx
— Suhail (@SuhailChowdhary) March 26, 2022