Фелипе Маса по последната трка во кариерата за Вилијамс на Абу Даби ГП ќе прифати водечка улога во Светската автомобилистичка федерација (ФИА).
Претседателот на бразилската федерација, Валднер Бернардо ги потврди шпекулациите во бразилските медиуми дека Маса ќе биде претставник на Бразил во Светскиот моторспорт совет (ВМСЦ).
„Обично, претседателот се номинира себеси во Светскиот моторспорт совет, но мислам дека Фелипе Маса ќе биде покорисен од мене во ФИА. Го поканив пред патувањето во Европа, и тој ми кажа дека разговарал со својот татко и своите пријатели и дека сака да направи нешто повеќе за спортот“, вели Бернардо за „О глобо“.