Мерцедес целосно ќе застанат зад Луис Хамилтон во борбата за титулата следната сезона, вели неговиот поранешен ривал за трофејот, Фелипе Маса.
Хамилтон ја освои четвртата светска титула во 2017, победувајќи го Себастијан Фетел во Ферари, додека колегата Валтери Ботас заостана 58 поени. Маса, кој драматично ја загуби титулата од Британецот во 2008 година, вели дека е јасно дека „Сребрената стрела“ има фаворит.
„За 2018 тимот ќе биде целосно на негова страна. Сега нема да има проблеми какви што имаше со Нико Розберг. Многу работи се на негова страна, така што тој може да стане уште подобар“, вели Маса.
Бразилецот, кој вторпат замина во пензија на крајот на сезоната, бил импресиониран како Хамилтон ракуваше со проблематичниот болид на Мерцедес на почетокот на сезоната. Хамилтон победи на девет трки во 2017, вклучувајќи пет од шесте трки по летната пауза.
„Тој заврши совршена работа. Имаше мали проблеми на некои трки на почетокот на сезоната, но тие бргу ги надмина. Завршува неверојатна работа, а во исто време се забавува. Го заслужува успехот“, додава Маса.