Top Sport

Маса нема да го коментира Строл

Фелипе Маса даде диппломатски одговор на тврдењето на неговиот минатогодишен колега од Вилијамс, Ленс Строл, кој посочи дека Французинот не му бил ментор минатат асезона.

Преку социјалните мрежи, Бразилецот, кој се натпреваруваше на 269 ГП трки во 15 сезони во Ф1 посочи „подобро да не коментирам“.

„Немав никакво водство од него минатата година, тој беше обичен клупски колега“, изјави Строл.

Коментарот на Маса е саркастичен посебно бидејќи таткото на Строл, канадскиот милијардер Лоренс Строл потроши десетина милиони долари на својот син, преку спонзорства и преку посебна тест-програма. Маса неколку пати минатата година изјави дека ситуацијата со Строл го потсетува на неговата младост, кога тој работеше со Михаел Шумахер во Ферари.

Строл: Ништо не научив од Маса

Scroll to Top