Top Sport

Маса знае кој ќе го замени во Вилијамс, но не кажува

Фелипе Маса вели дека знае кој ќе биде неговата замена во 2018 година во тимот на Вилијамс, но засега не го открива идентитетот на возачот.

Маса по вторпат се повлекува од спортот по Абу Даби ГП трката овој викенд, решавајќи се да ја вози 2017 по барање на Вилијамс откако Валтери Ботас направи трансфер во Мерцедес. Вилијамс уште немаат објавено кој ќе вози следната година, иако Ленс Строл е сигурен со местото, додека за второто во игра се Данил Квјат, Паскал Верлајн, Сергеј Сиртокин, како и миленикот на фановите, Роберт Кубица.

„Не треба да се обложувам за тоа кој ќе ми биде колега, бидејќи веќе знам. Но, нема да кажувам. Се надевам дека тоа е најдобра опција за тимот, но во основа, јас заминувам, така што тоа не е многу важно за мене. Му посакувам сè најдобро на тимот“, вели Маса.

Scroll to Top