Top Sport

Мазепин не може да се трка во Велика Британија

Велика Британија на нејзина почва им забрани настап на руските и белоруските возачи во авто-мото спортот. Ова значи дека Никита Мазепин нема да може да се натпреварува на трката за Големата награда Велика Британија, во шампионатот на Формула 1.

Комапнијата „Уралкали“ го спонзорира тимот на Хас. Таткото на Никита, Дмитриј е сопственик на оваа компанија. Тој е близок пријател со рускиот претседател Владимир Путин.

Претходно, ФИА, објави дека на трките ќе можат да настапат руските и белоруските возачи, но не и тимовите од овие две земји.

„На трките во Велика Британија нема да можат да настапат тимовите од Русија и Белорусија. Ниту возачите од овие земји нема да можат да се натпреваруваат. Исто така забрането е да се прикажуваат руските и белоруските национални симболи“, објавија Британците.

Scroll to Top