Top Sport

Мекларен доби нов спонзор во „Си-ен-би-си“

Мекларен и глобалната ТВ-мрежа, „Си-ен-би-си“ склучија ново повеќегодишно партнерство, со кое сакаат да ја потенцираат „репутацијата за иновации и лидерство“ на двете компании.

„Си-ен-би-си“ е водечка мрежа за бизнис и финансиски вести, со дури 301 милиони гледачи месечно. Мекларен оваа година ќе настапува со моторите на Рено, прекинувајќи го партнерството со Хонда, и уште нема „главен“ спонзор.

„Ова партнерство ќе ни помогне да стигнеме до глобалната бизнис елита. Формула 1 е спорт кој е во процес на промени, и сакаме таа приказна да ја прикажеме на глобалниот бизнис“, вели Зек Браун, претседателот на Мекларен.

Scroll to Top