Top Sport

Мекларен го добија главниот инженер на Ред бул!

Шефот на инженеринг на Ред бул рејсинг, Роб Маршал се повлекува од својата улога по 17 години во тимот, за од следната година да почне да работи со Мекларен.

Маршал беше клучен дел од проектот на Ред бул од 2006 година, нивната втора година во спортот. Тој 10 години беше главен дизајнер, пред да ја преземе улогата на шеф на инженеринг во 2016. Тој во Мекларен ќе биде технички директор одговорен за инженеринг и дизајн, а функцијата ќе ја преземе во јануари 2024.

Ова е последен дел од преуредувањето на техничкиот тим на Мекларен по заминувањето на техничкиот директор Џејмс Кеј. Претходно тие го потврдија доаѓањето на Давид Санчез од Ферари како одговорен за концептот на нивните болиди.

Scroll to Top