Top Sport

Мекларен под хипотека ја става колекцијата на болиди

Кризата која ја предизвика коронавирусот е толкава што во Формула 1 тимот Мекларен размислуваат под хипотека да ја стават управната зградата и спектакуларната колекција на болиди за да добијат кредит од 275 милиони фунти.

На Мекларен им е неопходен кредит за да можат нормално да функционираат. Сличен потег веќе повлече Вилијамс. Овој тим доби кредит од канадскиот бизнисмен Мајкл Латифи кој е сопственик на дел од акциите во Мекларен.

Вилијамс под хипотека ја ставиле фабриката и колекцијата во која се наоѓаат повеќе од 100 болиди.

„Скај њуз“ објави дека оваа стратегија на Мекларен им била предложена од страна на советникот Џи-Пи Морган, откако тимот аплицирал за заем од 150 милиони фунти од Министерството за бизнис, енергија и индустриска стратегија на Велика Британија.

Според овој извор колекцијата на Мекларен вреди околу 250 милиони фунти додека управната зграда и уште една која е понудена имаат вредност од 200 милиони фунти.

Scroll to Top