Мекларен успешно го запалија својот нов мотор на МЦЛ33 болидот во фабриката во Вокинг, почнувајќи го партнерството со Рено по три несреќни години со Хонда.
Англискиот тим имаше малку време да го прилагоди болидот на новиот мотор, и пред официјалното претставување следната недела, овојпат беше доволно кратко видео од подготовките.
Мекларен јавно најавува големи работи во 2018, борба за подиуми на секоја трка и го фали партнерството со Рено.
„Големата разлика е во тоа што луѓето во Рено имаат далку повеќе искуство. Тие работат подолго на моторите од Хонда, и тоа ни помогна за брза адаптација. Нивното искуство во фабриката во Вири е непроценливо“, вели Мет Морис, главниот инженер на тимот.
Sound on, volume up, it’s #MCL33 fire up time. ? #BeBrave pic.twitter.com/j46hU3kx6T
— McLaren (@McLarenF1) February 16, 2018