Формула 1 шефовите имаат нова главоболка со дизајнот на болидите за 2018 година, откако предлогот да се задржи покривката на моторите во форма на перка на ајкула не беше поддржан од тимот на Мекларен, кој го искористи правото на вето.
Големата покривка за моторите беше критикувана на овогодишниот дизајн на болидите, но ФИА сакаше да го задржи за да се постават големи бројки на болидите. Иако дел од тимовите почнаа со работа на болидите, Мекларен не гласаше за ова и сака помала покривка. Ова може да има огромно влијание на дизајнот на болидите и на целосната аеродинамичка ефикасност.
„Можеби најдовме начин да искористиме покривка на моторот која функционира подобро. Болидите денеска се многу комплицирани, така што е тешко да најдеме толку големи стикери. Не играме игри, бидејќи секој си го развива својот болид и ако нешто не е во наш интерес, нема да гласаме за тоа“, вели шефот на тимот , Ерик Булие.