Поранешниот светски шампион во Ф1, Најџел Менсел открива дека неговиот стар ривал, легендарниот Аиртон Сена му признал дека е „копиле“ по возбудливата сезона 1992 година во која му избега титулата.
Двајцата возачи имаа голем број на битки на крајот на 1980-тите и раните 1990-ти, од кои поголемиот дел се случија токму во таа 1992 година, кога Менсел со супер-брзиот болид на Вилијамс ја освои својата прва и единствена титула. Сена, од друга страна имаше пет откажувања во осум трки таа сезона, и по трката во Унгарија му честитал на својот ривал откако беше втор зад него и пред колегата на Менсел, Рикардо Патрезе.
„Сена ја имаше таа желба и најневеројатниот момент дојде кога ја освоив титулата во Унгарија, а тој беше покрај мене на подиумот. Се сврте кон мене и ми кажа: ‘Сега сфаќаш колку е добро чувството, нели? Сега знаеш зошто сум такво копиле, бидејќи тоа е најдоброто чувство на светот’. Има возачи како него, кои ќе направат се да продолжат да побеуваат. Има возачи кои можам да ги споменам и биле вистински спортисти, но има и некои кои победуваа на било каков начин. Тогаш на Аиртон само му кажав: ‘Барем го признаваш тоа’“, вели Менсел.
Дел од легендарните битки Сена-Менсел: