Иако Мерцедес го имаа најдоброто време на првите три дена зимско тестирање во Барселона, а покрај тоа ги шокираа ривалите со својот подвижен волан, од „сребрената стрела“ тврдат дека нивниот најблизок ривал Ферари намерно не ја покажал вистинската брзина на „Каталуња“.
Шефот на Ферари, Матија Биното разочарувачки изјави во Каталонија дека нивниот СФ1000 болид ја нема брзината на претходникот и дека ривалите се побрзи, Мерцедес преку социјалните мрежи ја отфрлаат оваа верзија на настаните.
„Што можеме да кажеме за резултатите по три дена? Тука животот станува компликуван, бидејќи се работи за проценка на брзината. Можеме да кажеме со сигурност дека натпреварувачите се ’доволно брзи’, но никогаш не знаете колку бри можеа да бидат. Никој не сака да каже на почетокот дека е брз, бидејќи не е сигурен што е следно. На пример, дали Ред бул ќе донесат подобрувања на вториот тест? Зошто Ферари цел тест одеа со многу пониски нивоа на моќта на моторот за разлика од другите тимови со нивни мотори?“, се вели во анализата на германскиот тим.
? “Will Red Bull bring a significant upgrade package to the second test?”
“Why have Ferrari spent this test running their PU consistently at much lower levels than their partner teams?” ?https://t.co/iLE8OxNLOA
— Mercedes-AMG F1 (@MercedesAMGF1) February 22, 2020