Мерцедес W10 е болидот кој не предизвика најмногу внимание на зимското тестирање во Барселона, откако шоуто го „украде“ Ферари со нивниот интересен и иновативен дизајн, како и со брзината, но шампионите не се за потценување и зад себе имаат огромен и искусен инженерски тим.
По сите шпекулации за тоа како навистина ќе изгледа W10 на првата трка во Австралија откако тимот донесе два различни дизајни на двата теста, „Сребрената стрела“ сакаше да даде официјален одговор преку оваа видео-презентација на техничкиот шеф Џејмс Елисон, кој ги објаснува промените од минатогодишниот дизајн.