Ф1 шампионите, Мерцедес објавија видео од првото „палење“ на В09 болидот за новата сезона во нивната фабрика во Брекли, Велика Британија.
До стартот на Ф1 сезоната на 25 март во Австралија има уште доста време, но тимовите напорно работат на новите машини кои на крајот на месецот ќе почнат да „вртат“ во Барселона.
Мерцедес ќе го презентираат својот нов болид на 22 февруари во Силверстоун, каде што болидот ќе ги помине првите 100 километри за снимање на реклами. Тестирањето почнува на 26 февруари.
Nervous energy fills the air. Twelve calendar months, a thousand man years in the making. And now, a first milestone passed.
The W09 is more than a machine. It carries the passion and drive of an entire racing team. This is when it starts to become reality…#W09Countdown pic.twitter.com/bOMQcZwWVI
— Mercedes-AMG F1 (@MercedesAMGF1) February 5, 2018