Top Sport

Мерцедес му се извини на Хамилтон, па Хамилтон им се извини на Мерцедес

Шефот на Мерцедес, Тото Волф му се извини на седумкратниот шампион Луис Хамилтон бидејќи му дале болид „кој не се вози“ по неговото 13. место на неделната трка во Имола, во која Британецот дури мораше да го истрпи и крајното понижување – неговиот минатогодишен ривал за титулата (и победник на трката), Макс Ферстапен да го претекне за цел круг.

„Луис, извини за тоа што требаше да го возиш денеска, знам дека се работи за болид кој не се вози“, му кажа Волф по трката преку радио-комуникацијата.

„Без грижи Тото, ќе продолжиме да работиме напорно“, одговори Хамилтон.

Со истиот болид, колегата на Хамилтон, Џорџ Расел, со малку среќа по проблемите на Ферари стигна до четвртото место. По трката, Хамилтон се извини на Мерцедес.

„Тешко е, но работиме како тим. Барем Џорџ освои поени денеска. Затоа се извинувам на сите што не успеав да го направам истото. Сите работиме напорно“, изјави Хамилтон.

Scroll to Top