Top Sport

Мерцедес учат на неуспесите на Манчестер јунајтед за да спречат „пад“ на Ф1 тимот

Шефот на Ф1 тимот на Мерцедес, Тото Волф откри дека тој и неговиот тим го проучувале случајот на Манчестер јунајтед и нивниот „пад од славата“ за да спречат да се повторат истите грешки кај нив.

Манчестер јунајтед во ерата на Сер Аекс Фергусон освои 13 премиерлигашки титули и 2 трофеи од Лигата на шампионите, но по заминувањето на Шкотланѓанецот се наоѓаат во постојан пад, кој го доживеа дното минатата сезона кога беа само шести на табелата. Мерцедес, пак, по осумте последователни титули кај конструкторите по водство на Волф и Луис Хамилтон, но лани Макс Ферстапен ја освои титулата кај возачите, а оваа сезона Ред бул и Ферари се далеку пред „сребрената стрела“.

Во интервју со „Фајненшл тајмс“, Волф ја признава паралелата со „ѓаволите“ како големи спортски тимови кои се во тешки времиња.

„Проучував зошто големите тимови не можат да ги повторат големите низи на победи, како тие на Манчестер јунајтед. Ниту еден тим во било кој спорт не освои осум титули во низа, и има многу причини за тоа, кои во основа се сведуваат на човечкиот потенцијал. Но, луѓето знаат да станат премногу задоволни од успехот, без толку енергија. Можеби ја губите амбицијата“, вели Волф

Scroll to Top