Top Sport

Мерцедес за доминацијата во Ф1 потрошија 4.5 милијарди долари

Шефот на Мерцедес, Тото Волф ја откри неверојатната сума која „сребрената стрела“ ја исплатиле за апсолутната доминација последните шест години во Формула 1.

Мерцедес и Луис Хамилтон доминираа по стартот на турбо-хибридната ера во Формула 1, освојувајќи ги последните шест титули кај конструкторите, додека Хамилтон освои пет титули, а неговиот поранешен колега Нико Розберг еден трофеј. Во интервју за „Скај спорт“, Волф зборуваше за овој „кул“ успех.

„Ако се погледнат последните податоци може да се забележи публиката која ја генерираме, вредноста за рекламата на Мерцедес и за партнерите кои се на болидот. Во 2012 година имавме влог, од верувале или не, 60-70 милиони долари, а сега сме на 4.5 милијарди долари, така што потенцијалот е огромен. Мерцедес денеска се цени како спортски бренд за разлика од пред десет години. Станавме кул бренд“, вели Волф.

Scroll to Top