Валтери Ботас и Луис Хамилтон беа најбрзи на првиот тренинг за Големата награда на Италија во Монца.
Финецот од Мерцедес постави најбрзо време 1:20.703 минути, додека неговиот тимски колега Хамилтон доцнеше за 245 илјадити делови од секундата.
Заостанување помало од една секунда Од Ботас имаат Алекс Албон (Ред Бул), Данил Кввјат (Алфа Таури), Макс Ферстапен (Ред Бул) и Пјер Гасли (Алфа Таури).
Очаен прв тренинг имаа возачите на Ферари. На својата домашна патека првиот тренинг Шарл Леклерс го заврши на 11, а Себастијан Фетел на 19 место. Леклер доцнеше за 1,2 секунди, а Фетел имаше послаб резултат од Ботас за 2,2 секунди. На првиот тренинг од Германецот беше побрз и дебитантот Рој Нисари од Израел кој возеше во болидот на Вилијамс.
FP1 CLASSIFICATION@MercedesAMGF1 lead the way, with @alex_albon in P3#ItalianGP ?? #F1 pic.twitter.com/yMQGIqLJZJ
— Formula 1 (@F1) September 4, 2020