Шефот на Алфа Ромео, Беат Цендер вели дека е „милина“ да се работи со Кими Раиконен по неговото враќање во тимот каде што ја почна кариерата (кога тој се викаше Заубер), изразувајќи задоволство што финскиот ветеран во моментов е „најдобриот во Б-лигата“.
Раиконен во моментов е на седмото место во генерален пласман, зад двајцата возачи на Мерцедес, Ферари и Ред бул, а Цендер работеше со Раиконен во Заубер во 2001 година, кога Финецот ја доби првата Ф1 шанса.
„Навистина е задоволство да се работи со Кими. Тој го дава максимумот во секоја трка и е вистински професионалец. На 39 години е лидер на Б-лигата!“, вели Цендер во интервју за швајцарскиот весник „Блик“.