Top Sport

Монетеѕемоло: Алонсо е „тежок“ човек

Поранешниот претседател на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло признава дека не било лесно да се работи со Фернандо Алонсо во тимот, додавајќи дека двократниот светски шампион му било тешко да работи „тимски“ во италијанскиот тим.

Алонсо си замина од Ф1 на крајот на минатата сезона по несреќната епизода со Мекларен, и ја започна својата нова кариера со победа на 24 часа Дејтона минатиот викенд.

„Среќен сум што го донесов Фернандо во Ферари. Тој е голем возач, но честопати се мачеше да биде тимски човек. Сепак, со Михаел Шумахер и Ники Лауда, тој е најсилниот возач во историјата на Ферари. Немаше лесен карактер, но секогаш го даваше максимумот. Единствено жалам за 2010 и 2012, кога не успеа да стане шампион и покрај борбата до крај“, вели 71-годишниот Монтеѕемоло во интервју за „Ла Газета дело спорт“.

Scroll to Top